СВР Охрид се вклучи во акцијата за пошумување

СВР Охрид се вклучи во акцијата „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“. Десетина полициски службеници денес засадија повеќе садници на локалитетот Мазатар над Лакочереј.

„Акцијата за пошумување е уште една прилика да го покажеме нашиот позитивен однос кон се што е добро во нашето општество. На овој начин, поддржувајќи ја акцијата која значи здрава животна средина, ја покажуваме нашата блискост со граѓаните и нашата љубов кон природата.“ – истакнуваат од СВР Охрид.