Заев: На следните парламентарни избори граѓаните ќе гласаат за СДСМ

Само сериозен концепт може да ја спаси иднината на нашата држава, порача претседателот Зоран Заев на трибината во Охрид.

„СДСМ има таква програма, програма која што наидува на поддршка и одобрување од граѓаните.

Предлог програмата се потпира на три столба:

– враќање на бројната и одржлива средната класа

– гледање кон иднината, наместо кон минатото

– градење на правично општество за сите“, – рече Заев во обраќањето пред присутните во полната сала во Центарот за култура во Охрид.

Нема да зборувам за власта. Таа е завршена работа. На првите наредни парламентарни избори оваа власт ќе падне. Јас ви го гарантирам тоа. Ќе падне затоа што граѓаните ќе гласаат за СДСМ и програмата во која препознаваат решенија за нивните вистински проблеми наспроти расипничките политики на власта на Груевски.

Има ли кој друг да се впушти во решавање на наталожените проблеми за спасување на иднината и татковината освен СДСМ,“ – повика претседателот Заев.

Во врска со дел од проблемите со кои се соочуваат охриѓани во областа на туризмот Заев најави воведување директни буџетски субвенции за хотелите и хотелиерите, како и унифицирање на туристичката понуда во најголемите туристички центри во Македонија.

„Предизвикот е голем, но државата е наша! Заедно ќе напишеме програма која ќе ги врати вистинските вредности, достоинството и среќата во македонското семејство, програма што ќе го врати правичното и демократско општество“, – рече претседателот Заев.

Во Охрид денеска на средби со граѓаните беа два тима на СДСМ. Тимот предводен од претседателот Зоран Заев и томот предводен од генералниот секретар Оливер Спасовски.

TribinaOhridZZ3 TribinaOhridZZ1