Охриѓани и бројни делегации од земјава и странство се поклонија пред Св.Климент Охридски

Со низа активности денес продолжија чествувањата по повод Св. Климент Охридски, патронот на Охрид. Рано утрово во црквата посветена на Светецот на Плаошник, охриѓани се поклонија пред неговите мошти по што следеше полагање свежо цвеќе пред споменикот изграден во негова чест во ОУ “Св. Климент Охридски“.

Точно напладне на градскиот плоштад  во чест на Заштитникот се одржа културно уметничка програма по што градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од охридскиот Совет, од двете најголеми политички партии: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и десетина странски делегации положија свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски.