Каљари 1:1 Наполи, Пандев и Ибраими не се соочија

Каљари и Наполи одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 17 коло од италијанската Серија А.

Домашните дојдоа во водство уште во 9-тата минута со голот на Нене, додека пак 10 минути подоцна, во 19 минута, по прекршокот над Горан Пандев беше досуден пенал, кој Игуаин успешно го реализираше.

Горан Пандев беше стартер на овој натпревар, но беше изваден од игра во 82 минута, со што не успеа да се соочи со Агим Ибраими кој за тимот на Каљари влезе во игра во 85 минута.

WebOhrid