Малиот плоштад го добива својот лик

Со несмалено темпо деновиве продолжува градењето на малиот плоштад каде порано се наоѓаше објектот на градската библиотека. 

Постапката  на подготовка  на подлогата и тампонирањето се завршени.  Поставена е и електричната  инсталација за подното светло и канделабрите. Деновиве се работи на  поставување  на  плочките од квалитетен камен со кои се обележуваат зраците од сонцето што треба да красат подот.  Нареден чекор ќе биде поставување на  гранитните плочи. Според планираното ѕидините ќе бидат осветлени со илуминати кои ќе го надополнуваат пријатниот амбиент во вечерните часови. Исто така предвидено е да се  постават  и клупи за одмор.

Уредувањето на малиот плоштад е само  еден  од проектите кои се дел од  програмата на Секторот за урбанизам  при општина Охрид. И во иднина ќе следат вакви и поголеми проекти за разубавување на градов.

Mal_plostad_zavrsna_faza_4853 Mal_plostad_zavrsna_faza_4852 Mal_plostad_zavrsna_faza_4851