Сеноќно бдение во црквата „Света Богородица“ – Каменско

Парохискиот храм „Света Богородица“ – Каменско од Охрид, ги известува своите православни верници дека утре, 31 декември (вторник), вечерта ќе се служи сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети маченик Бонифациј и свети Григориј епископ Омииритски“, со почеток во 23:00 часот.

По тој повод црквата „Света Богородица“ – Каменско, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.