Новата година се дочека весело и во угостителските објекти во Охрид

За Новогодишните и божиќните празници Охрид е преполн со гости претежно од соседството. Во Охрид големите хотелски капацитети годинава беа одлично исполнети, но не изостанаа и помалите локали, каде што се бараше место повеќе. Најлудата ноќ се славеше со песни и ора, се до раните утрински часови.

Оваа годна  за  новогодишни пакети со три ноќевања на база полу пансион и свечен дочек на Новата Година гостите плаќаат цена не повисока од 150 евра, со вклучен превоз. За охридските ресторани стандардно важи понудата на целовечерни пакети, а цената варира зависно од локалот и понудата, нешто пониски од минатогодишните. Цената на самиот дочек, односно за вечерта на 31 декември наспроти 1 јануари, чинеше 35 евра. Втората вечер или вечерта на 1 кон 2 јануари, менито во најпознатите охридски ресторани е до 20 евра.

 NovaGodina2 NovaGodina3 NovaGodina4