Распоред на богослужби по повод Рождеството Христово – Божиќ

Денес, вторник, Рождество Христово – Божиќ, света архиерејска златоустова литургија ќе се служи во црквата „Свети Ѓорѓија“ Охрид, со почеток во 8:45 часот. Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ денес нема да има богослужба.

Утре, среда, 8 јануари, втор ден Божиќ, ќе има собор на Пресвета Богородица.

Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. Света златоустова литургија ќе има во црквата „Света Богородица -Челница“, со почеток во 8:45 часот.

Во четврток, 9 јануари, трет ден Божиќ, света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8:30 часот. Света литургија ќе има во манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, со почеток во 8:30 часот. Света литургија ќе има во Варош во црквата „Свети Врачи Козма и Дамјан“ со почеток во 8:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.