Пратеникот Николоски утре ќе изврши донација на отоларинголошкиот уред во Општата болница

Утре во 10:30 часот ќе се изврши донација на отоларинголошки уред кој е неопходен за нормално извршување на прегледи кај пациенти од овој тип. Донацијата ќе ја изврши пратеникот Александар Николоски во име на австралиско-македонското лекарско друштво, кое ја обезбеди донацијата.