Две лица ранети во кино на Флорида

Две лица се ранети при пукотници во киното „Грув 16“ во близина на местото Тампа на Флорида, соопштија локалните власти.

Повредените се сместени во локалната болница, а нивната здравствена состојба не е објавена.

Како што соопшти канцеларијата на локалниот шериф, напаѓачот се наоѓа во притвор, а се работи на утврдување на мотивот за нападот.

Во 2012 година еден маж, подоцна идентификуван како Џејмс Холмс, уби најмалку 10 лица и повреди уште 70 во киното „Аурора“ во Колорадо.