Охридската капетанија во рамките на своите редовни активности спроведува испити за управувач за чамец

Капетанијата на пристаништата – Охрид  во рамките на своите редовни активности спроведува  и одржува испити за Управувач за чамец. Испитот се одржува во периодот од месец април до месец октомври и тоа еднаш месечно во месеците април, мај, септември и октомври, додека во  текот на летните месеци јуни, јули и август  испитот се одржува два пати месечно.

Кандидатите  пријавите за испит ги поднесуваат најдоцна  еден ден пред испитот, а во прилог на пријавата треба да достават:

– пријава за полагање на испит

– фотокопија од важечка лична карта

– две фотографии со димензии 2,5х3 цм

– лекарско уверение за управувач на чамец (задолжително од овластен центар)

– потврда за положен испит за прва помош (задолжително од овластен центар)

– две уплатници (1000 ден за полагање на испит и 150 денари административна такса). Сметките за уплата се достапни на интернет страната на Министерството за транспорт и врски како и во просториите на Капетанија на пристаништата Охрид.

За 2014 година  испитот ќе се одржува во следните термини:

Април           25/04/ 2014

Mај               16/05/ 2014

Jуни              13/06/2014 и 28/06/2014

Jули              11/07/2014 и 26/07/2014

Aвгуст            08/08/2014 и23/08 /2014

Септември     19/09/2014 

Октомври       17/10/2014

Испитот се одржува во просториите на Министерство за транспорт и врски, Капетанија на пристаништата  Охрид  на ул. Коста Абраш бр.1  Охрид со  почеток  во 10:30 часот.

Како и секоја година, термините на одржувањето на испитите се истакнуваат на страницата на Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија www.mtc.gov.mk, во одделот Капетанија на пристаништата, каде можат да се преземат и пријавите за пријава на кандидатите. Исто така, на линкот е истакната информација за потребните документи за пријава  на кандидатот како и сметките за уплата на надоместокот за полагање на  испит и административната такса.

Сите заинтересирани кандидати за информација  можат да се обратат во просториите на  Капетанија на пристаништата – Охрид,  на телефон : 046 260 451   или  е-mail:  kapetanija@mtc.gov.mk.