2013 година – повеќе од успешна за ЈУ Национален парк Галичица

Јавната Установа Национален парк Галичица после сумирањето на работата во изминатата 2013 година со задоволство може да констатира дека истата повеќе од успешно е завршена. 

Сите предвидени активности со планот за работа се успешно завршени и уште еднаш паркот докажа дека се движи во правец  да биде вистински европски парк. 

Заштитата е подигната на повисоко ниво што резултира со  тоа да бесправните дејствија во границите на паркот се намалени за 50% во однос на 2012 година. Со поставување на европските нормативи за заштита од пожари паркот немаше ни една интервенција во своите граници. 

Исто така паркот како никогаш досега е задоволен од соработката со месното население како и однесувањето на посетителите  особено во однос на заштитата и грижата кон природното наследство. Мора да се истакне за тоа дека клучен придонес имаа активности на вработените на паркот во правец на подигнување на јавната свест на населението преку разни средби,  отвореноста кон  медиумите и пред се отвореноста за соработка со посетителите и населението. 

 Доказ дека Националниот паркот се движи по патот на европските паркови е и видната зголеменост на посетителите  низ целата територија на паркот. Веќе се почесто се користи паркот за рекреација од страна на населението, а има  и зголемена посетеност  на местата кои се изградени за таа цел. 

Со посебно задоволство се истакнува дека конечно двата информативни центри, во Охрид  и Стење, бележат голема посетеност како од  домашни така и од странски туристи но и училишни и научни установи. 

Во моментов  во тек и измена на Нацрт Планот за Управување со паркот  со кој се предвидува формирање на развојни туристички зони, во Отешево, Стење, Љубаништа, изградба на скијачки центар, како и изградба на експресниот патен правец Охрид – граница со Република Албанија, а се со цел за зголемување на бројот на посетителите.  

Ваквиот начин на работа не остана незабалежан и од меѓународните инстутиции, така да НП Галичица учествува во проектот на  парковите од Динарската верига и е член на Еуропарк,  федерацијата на европските паркови.

Од паркот истакнуваат дека од оваа определба и начинот на кој се работи ќе продолжи и понатаму се со цел поголема туристичка афирмација на само на паркот, туку општината и државата.