Намален бројот на туристи во ноември минатата година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2013 година изнесува 34 113, а бројот на ноќевањата изнесува 79 025.

Бројот на туристите во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, е намален за 1.9%, а бројот на ноќевањата е намален за 1.9%.

Бројот на домашните туристи во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, е намален за 7.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, е намален за 6.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.0%.

Во периодот јануари-ноември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.0%, а кај странските има зголемување за 13.4%.

Во периодот јануари-ноември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата остана на исто ниво. Кај домашните туристи има намалување за 4.7%, а кај странските има зголемување за 7.8%.