Една од најголемите духовни вредности за секој христијанин е да биде кум на Водици рече градоначалникот Бакрачески

Денеска во црквата Св. Никола Геракомија  официјално  беше извршено примо предавање на кумството меѓу стариот кум на Богојавление- Водици Стојан Ѓоргоски и годинешните кумови Градоначалникот Никола Бакрачески и бизнисменот Сашо Симески.

„Чинот на свеченото предавање на светото кумство кое денес го реализиравме  е една од  најголемите  духовни вредности со кои што можеме  да се закитиме како кумови . Ова е голем радосен момент за еден охриѓанец и Македонец што воедно претставува и една обврска за нас, овие радосни мигови да ги споделуваме со сите наши сограѓани со пријателите, роднините, познаниците. Обврска да ги споделуваме и хуманите, моралните и етичките вредности меѓу населението и да ја шириме позитивната енергија меѓу нив“, рече градоначалникот Бакрачески

Минатогодишниот кум на манифестацијата Стојан Ѓоргоски го честита кумството на новите кумови посакувајќи им здравје, бериќет и успех во работата. 

„Ја користам оваа прилика   да им го честитам празникот Богојавление – Водици на сите христијани  и воедно да ги поканам сите домашни и странски гости да повелат во недела  да дојдат во Охрид  масовно како што тоа го сторија лани така и годинава, уште помасовно да ги почестат годинешните кумови а и тие нив“, потенцира  Ѓоргоски.

Одбележувањето на празникот Богојавление Водици започнува вечерва а завршува во понеделник со  масовното капење кај Сараиште.

Predavanje_Kumstvo_Vodici_4855. Predavanje_Kumstvo_Vodici_4854 Predavanje_Kumstvo_Vodici_4853