Првото вештачко срце успешно работи

По 30 дена од првото вградување на вештачко срце во светот кое француските хирурзи му го вградија на 75-годишен Французин, лекарите констатираат дека нема никакви проблеми со работењето на вештачкото срце.

„Поминаа 30 денови од имплантацијата, без било каков проблем со протезата, што е еден од критериумите за успешноста на операцијата“ – истакна професорот Кристијан Латремуј кој го оперирал пациентот во болницата „Жорж-Помпиду“ во Париз.

Латремуј тоа го изјави во Париз на 24 Европски денови на француското Здружение на кардиолози што се одржа од 15 до 18 јануари. Тој истакна дека после овој успех, откако пациентот преживеа 30 денови без проблеми, се прави избор за тројца следни пациенти.