Во чест на Богојавление – Водици одржан концерт на хорот Света Злата Мегленска

Во чест на големиот православен празник „ Богојавление- Водици“, синоќа во Центарот за култура  „ Григор Прличев“ концерт со духовна музика одржа хорот „ Св. Злата Мегленска“.

„Општина Охрид ни направи голема чест со поканата да бидеме дел од чествувањето на  „ Богојавление- Водици„  бидејќи овде се случува најмасовниот црковно- народен собир во земјите на православието. Нашиот репертоар го прилагодивме за овој голем празник и веруваме дека нашата позитивна енергија ја споделивме со бројната охридска публика“, – рече Летка Димоска- Полизова.

Хорот „ Св. Злата Мегленска“ е формиран во 1986 година и во својата богата кариера има освоено 23 меѓународни награди. Годинава хорот ќе учествува на Светската хорска академија што ќе се одржи во Латвија.

Zlata_Meglenska_4851 Zlata_Meglenska_4852 Zlata_Meglenska_4853