Редок син дијамант пронајден во Јужна Африка

Рударската компанија „Петра Дијаманти“ соопшти дека во Јужна Африка ископале редок син дијамант.

29,6 каратниот дијамант бил пронајден во рудникот Кулинан, кој се наоѓа во близина на Преторија, од каде во минатото се извадени дел од светски најпознатите дијаманти, вклучувајќи ја и 530-каратната „Ѕвезда на Африка“ која е дел од британската кралска ризница.

Од „Петра Дијаманти“ наведуваат дека новиот дијамант е со блескава сина боја, со извонреден тон и јасност, што може да се избруси во исклучително вреден камен.