3 лица убиени во трговски центар во САД

Три лица се убиени, а пет повредени при пукотници во трговски центар во градот Колумбија, во државата Мериленд, северно од Вашингтон, САД.

Специјалните полициски единици веднаш излегле на лице место, во нападот кој се случил во 11:55 по локално време. Очевидците изјавиле дека слушнале од 8 до 10 истрели, кои предизвикале паника помеѓу посетителите на трговскиот центар.

Медиумите наведуваат дека помеѓу жртвите бил и напаѓачот, додека пак полицијата потврди само дека било пронајдено тело покрај пушката и муницијата.