Дојде најавениот снег

Како што беше најавено според УХМР, утрово Охрид се разбуди под слаба снежна покривка. Во наредните два дена не очекува променливо облачно време со температури под нулата. Од среда повторно се очекуваат врнежи од снег.

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани и по влажни коловози. Врнежи од послаб снег се бележат во северните, југозападните, источните и јужните делови од републиката, но не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

WebOhrid