Формиран Форумот на млади на ГРОМ

 Над 150 млади членови на Општинската организација на ГРОМ – Охрид, вчера, 26.01.2014, отпатуваа во Скопје, предводени од претседателот на ФОМ ГРОМ – Охрид, Ристе Танкоски, за да присуствуваат на Основачкото собрание на Форумот на млади на ГРОМ кое се одржа во Универзалната сала. Веднаш по пристигнувањето во Скопје, членовите од Охрид заедно со останатото членство од другите општини, се придружија на Маршот на храброста, со кој го оправдаа слоганот на својата партија.  

 Во работниот дел, ФОМ ГРОМ за свој претседател го избра актерот Бојан Велески, како и членовите на Централниот одбор, во чиј состав од О.О. на ГРОМ-Охрид влегоа 5 млади активни членови.

 Универзалната сала беше преполна, а присутните беа пријатно изненадени и од музичкиот дел – настапот на Влатко Лозаноски и рок-бенд од Скопје  со кој беше дополнета официјалната програма на собранието.