Започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Час за приказни на англиски јазик

Во организација на Црвен крст Охрид, a со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години.

Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во периодот февруари-мај 2014 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби и пред се, користење на англиска литература за деца, ќe го надоградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе поттикнуваат и развиваат нови креативни вештини, ќе ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.

Поради големата заинтересираност за програмата, родителите треба да пополнат пријава лично во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 9-16 ч, најдоцна до 10-ти февруари 2014 година.