Утре ќе се осветува камен темелникот на споменикот за Водици во Охрид

Утре, на 31-ви јануари, во 12 часот, на православниот празник Свети Атанасиј, на свечен начин ќе биде поставен камен темелникот за изградба на новото спомен обележје за Водици кај градското пристаниште во Охрид.

Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот ќе го изведат свештеници на МПЦ, Кумот на Водици Охрид-2014, Градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески и Кумот на Водици Охрид-2012 проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој е донатор на споменикот.

Споменикот за Водици, посветен на најмасовата прослава на Богојавление во овој дел на православието, е дар за граѓаните, туристите, Балканскиот Ерусалим-Охрид и Македонија. Се покануваат сите граѓани утре да присуствуваат на свеченоста по повод осветување на камен темелникот на споменикот за Водици во Охрид.