Денес е Светски ден на водните живеалишта

2 февруари се одбележува како Светски ден на водните живеалишта, односно мочуриштата. Конвенцијата за водни живеалишта е усвоена на 2 февруари 1971 година, во иранскиот град Рамсар на бреговите на Каспиското Море. Секоја година, Светскиот ден на водните живеалишта се фокусира на различна тема. Темата за 2014 е мочуриштата и земјоделството.

„Во време во кое ни е потребна заштита на колку што е можно повеќе природа, обврска е на секој чинител да биде дел од таа поддршка. Мочуришните предели често се гледаат како бариера за некои други активости (земјоделие, урбан развој) и често се предмет на уништување и исушување. Улогата на овие предели е честопати потценета иако тоа се природни филтри на водата, живеалишта на ендемични видови, чуватели на почвата, научно и туристички точки. Во нашето опкружување имаме сеуште остаток од Студенчишко блато, поголема површина на Белчишкото Блато и резерватот Езерани на Преспа. Улогата на нашата генерација е спречиме понатамошно уништување и губење на овие предели. Улогата на идната генерација ќе биде да ги реставрираат и комплетно заштитат овие исклучително важни предели“. – изјави Дејан Пановски, претставник во Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро.

WebOhrid