Во Цирих украден накит вреден над 110 илјади долари

Две вооружени лица, среде бел ден, успеале да украдат накит и часовници вредни најмалку 110 илјади долари од златарница во Цирих.

Заканувајќи се со пиштоли, крадците влегле во познатата швајцарска продавница „Шопард“, ги искршиле стаклата од излозите и почнале да го собираат накитот, соопшти циришката полиција.

Крадците, од кои едниот од нив носел кацига, се качиле на мотор и брзо побегнале од местото на злосторството. За време на грабежот никој не е повреден.

„Шопард“ веќе беше жртва на грабеж во мај, за време на филмскиот фестивал во Кан, кога крадците украдоа накит вреден 1,4 милиони долари, кој беше изнајмен за филмските ѕвезди.