Распишан конкурсот за интернационалната награда „Мостови на Струга“ за 2014 година

Распишан е конкурсот за интернационалната награда за дебитантска книга од млад поет „Мостови на Струга“ за 2014 година која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО. Оваа година наградата „Мостови на Струга“ ќе биде доделена по единаесетти пат.

Услови за учество на конкурсот за наградата:

 – Дебитантски книги на млади поети (под 35 години);

– Кандидатите треба да испратат 5 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот како и најмалку 5 песни преведени на англиски јазик на адресата на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Македонија, struga@svp.org.mk) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки.

– Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 28 февруари 2014. Апликацијата може да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП:  struga@svp.org.mk,при што книгатa треба да биде во електронски формат, а печатената верзија на книгата да пристигне на адресата на СВП најдоцна до 5 март 2014 година.

– Националните комисии за УНЕСКО на државите членки  се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата;

– Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот–лауреат во превод на македонски;

– Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2014;

– Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на Струшките вечери на поезијата во Струга истата година (крајот на aвгуст 2014), каде и ќе му биде врачена наградата  на Манифестацијата „Мостови“.