Доделени признанијата за најдобри спортисти во Охрид за 2013 година

Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа во хотелот Ројал учествуваше на свечениот чин на доделувањето на признанија за најдобри спортисти  во Охрид за 2013 година.

Признанија добија Нина Балабан – стрелаштво; Тања Стојановска-тенис; Бојан Ристески –бокс; Јован Јованоски- велосипедизам; Христијан Кузманоски-кошарка; Анастасија Паскали- веслање; Филип Стојаноски- фудбал; Александар Ѓоргиески- фудбал; Мартин Гоџоски- стрелаштво; Ане Спироски-кајак; Новица Велјаноски –велосипедизам; Бојан Мартиноски- рибарење; Мартина Петреска-карате; Валентина Гоџоска-стрелаштво; Цветко Попоски – најуспешен спортски работник-стрелаштво ;Мерко Агрон -Гони  –фудбал (најуспешен тренер со млади); Ристе Савин за животно дело; Кире Заров  за животно дело; Александар Маленко  за посебни заслуги и презентација на пливачките спортови со меѓународни резултати; Стрелачки Клуб – Охрид за  најуспешен клуб; Женски фудбалски клуб „Билјанини Извори 2010“ за најуспешен клуб ; Едриличарска Федерација на Македонија за најдобар спортски настан во 2013-та година.