Градоначалникот Бакрачески посветен и на селата, утре во работна посета во Рача, Коњско и Велгошти

Утре, во 10 и 30 часот, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Ѓоргиески, ќе ги посетат селата во Рача и Коњско, каде во 2014 година  ќе се реализираат проекти.

Во 12.00 часот, градоначалникот  Бакрачески заедно со министерот  за образование и наука, Спиро Ристовски ќе го посетат училиштето „Живко Чинго“ во с. Велгошти, каде во тек е негова санација.