Градоначалникот Бакрачески на терен во стариот дел на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески  заедно со директорите на охридските јавни претпријатија, денес оствари неколку часовна обиколка низ стариот дел од Охрид, со цел да ги сослуша и увиди проблемите кои  се од јавен интерес, а ги тиштат жителите од населбите  Месокастро и Варош.

Градоначалникот  на терен ги сослушуваше  проблемите и барањата  на  жителите од овој дел на градот,  а  кои беа претежно  од областа на комуналната и инфраструктурна сфера. Со своите сограѓани  тој  ги согледуваше можностите за нови паркинг простори, уредени простори, подобрување на канализациската и водоводната мрежа, паркови и ново подобро  улично осветлување  во стариот дел од градот. Со оглед на добрите временски услови, Градоначалникот Бакрачески  најави дека наредниот период  надлежните служби ќе  излезат на терен и ќе започнат со средување на јавните површини од овој дел на Охрид.

Inspekcija_star_grad023 Inspekcija_star_grad018 Inspekcija_star_grad015