„Аерофлот“ инкасираше 15 илјади евра од пијан патник

Руската авиокомпанија „Аерофлот“ го доби судскиот спор и 15 илјади евра оштета од еден патник. Пијаниот патник кој во април 2013 ги вознемирувал патниците и екипажот на летот од Москва до Шангај, мора да и плати оштета на авио-компанијата, бидејќи пилотот бил приморан да го спушти авионот во Новосибирск, за патникот да биде отстранет.

Според руските медиуми, тој патник бил 44 годишен директор на една компанија, кој му ја искинал униформата на еден член од екипажот и малтретирал повеќе од 300 патници.

Сличен случај се случил во декември минатата година кога пијан Русин предизвикал тепачка. На почетокот од февруари еден патник бил осуден на три и пол години затвор, бидејќи на летот до Египет, покрај тоа што пиел и пушел, тој удрил еден член на екипажот кој го предупредувал.

„Аерофлот“ ги поздрави острите судски казни за таквите инциденти и побара уште построги казни во иднина.