ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува сагата наречена беспредметни соопштенија на СДСМ

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои:

„Имајќи ги во предвид напорите на Владата на Република Македонија и на сите засегнати страни во решавање на случајот со фабриката ЕМО, СДСМ на бесполезен начин се обидува  да кокетира со одредена категорија на засегнати работници.

СДСМ се користи со лаги и манипулации, бидејќи на вработените во ЕМО производство им се исплатени шест редовни плати  а за истиот погон е обезбедена работа за половина од 2014 година.

Во однос на стечајните работници од ЕМО укажуваме дека сите оние кои ги исполнуваат условите се згрижени согласно законските процедури.

Имено, лицемерно е партијата  СДСМ да реагира за ЕМО знаејќи го фактот дека токму директорите од нејзината провиниенција вклучувајќи го и поранешниот градоначалник Петрески остварија огромни долгови од милионски суми кога беа дел од директорската постава на оваа охридска фабрика.

ВМРО ДПМНЕ е партија која се залага за трајно решавање на проблемите во фабриката ЕМО. Токму поради тоа се залага за инвеститор кој по секоја цена ќе ги задржи работниците.  Владата на Република Македонија, министрите,пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се во постојани средби во кој се оди кон трајно решавање на проблемите. Токму по тоа се разликуваме од СДСМ.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.