Шведската полиција интервенираше пред Заводот за вработување, за да ги истера насобраните граѓани, кои се собрале пред Заводот откако преку е-меил наместо 1000 биле повикани дури 61000 за да присуствуваат на состанок со потенцијални работодавци.
Дворот од Заводот бил премал за да ги собере сите тие луѓе, кои ги наполниле и околните улици. Бидејќи насобраните биле видно вознемирени, вработените од Заводот морале да повикаат полиција.
Полицијата соопшти дека е-меилот бил испратен до сите невработени лица во Стокхолм, а требало да биде испратен само до 1000 од нив. Не е познато дали станува збор за човечка или пак за техничка грешка.
Степенот на невработеност во Шведска во јануари изнесуваше 8,6%.