Хаос во Стокхолм откако по грешка наместо 1000 биле повикани 61000 невработени

Шведската полиција интервенираше пред Заводот за вработување, за да ги истера насобраните граѓани, кои се собрале пред Заводот откако преку е-меил наместо 1000 биле повикани дури 61000 за да присуствуваат на состанок со потенцијални работодавци.

Дворот од Заводот бил премал за да ги собере сите тие луѓе, кои ги наполниле и околните улици. Бидејќи насобраните биле видно вознемирени, вработените од Заводот морале да повикаат полиција.

Полицијата соопшти дека е-меилот бил испратен до сите невработени лица во Стокхолм, а требало да биде испратен само до 1000 од нив. Не е познато дали станува збор за човечка или пак за техничка грешка.

Степенот на невработеност во Шведска во јануари изнесуваше 8,6%.