Селекторот Бабунски против Португалија У21 ќе го има на располагање нашиот најсилен состав

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Бобан Бабунски го објави списокот на фудбалери на кои смета за квалификацискиот натпревар против Португалија на 5 март 2014 година. Бабунски смета на следните 20 фудбалери:

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија) ОДБРАНА: Кристијан Тошевски (Тетекс), Ѓоко Зајков (Работнички), Муслиу Висар (Ренова), Драгарски Христијан (Пелистер), Најдоски Дино (Работнички), Алиоски Езџан (Шафхаузен, Швајцарија), Ашковски Стефан (Напредак, Србија), Дамчевски Александар (Черноморец, Бугарија) СРЕДЕН РЕД: Блажевски Мартин (Вардар), Мицевски Дарко (ОФК Белград, Србија), Бабунски Давид (Барселона Б, Шпанија), Ристовски Стефан (Латина, Италија), Велковски Дарко (Работнички), Анастасов Александар (Пелистер) НАПАД: Ѓурѓевиќ Фахрудин (Македонија ЃП), Трајковски Александар (Мехелен, Белгија), Радески Марјан (Металург), Бабунски Дориан (Реал Мадрид, Шпанија).

„Низ заеднички разговори и консултации со селекторот на А репрезентацијата, Ѓуровски и директорот на националните селекции, Милошевски решивме против Португалија, нашата репрезентација до 21 година да се спротивстави во најсилниот состав. Во нашиот состав ги имаме фудбалерите кои во иднина веројатно ќе бидат дел од најсилниот состав и ние сме благодарни за соработката. Португалија е силна репрезентација, имаат создадено модел на игра кои им носи резултат во квалификациите и со право се вбројува во една од најдобрите млади европски селекции. Ние ќе се обидеме да се надигруваме, да одиграме на ниво на последните неколку натпревари и да се надеваме дека можеме да изненадиме“, изјави селекторот на репрезентацијата до 21 година, Бобан Бабунски.

Нашата млада репрезентација првиот собир го има на 2 март. Натпреварот против Португалија го играме на 5 март во 19:00 часот.