Зголемување на бројот на деца во детските градинки

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2013 година, вкупниот број на деца во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки изнесува 29113, што претставува зголемување за 8.3% во однос на 2012 година.

Со годишните извештаи се опфатени 55 јавни и 4 приватни установи за згрижување и воспитание на деца – детски градинки.

Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе групи.