ОУ „Христо Узунов“ и годинава ќе учествува на Академијата во седиштето на НАСА

ОУ „Христо Узунов“ и оваа година во месец јуни ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама (U.S. Space & Rocket Center) во седиштето на НАСА. Во 2011 година на оваа академија учествуваа 143 држави од целиот свет, а Македонија беше претставена преку м-р Тони Симоновски кој се здоби со сертификат за предавач за положената Академија.

Тема на Академијата ќе биде поттикнување на младите да ги изучуваат техничките струки и изучување на предметите по природни науки.