Се асфалтираат улици во Косел

Со забрзано темпо  Општина Охрид го реализира  проектите  за асфалтирање на улици  во селото Косел  што   започна  пред десет дена.

За овој краток временски период во селото Косел од вкупно 8 предвидени улички со должина од 1 000 метри и површина 3 000 метри веќе целосно асфалтирани се три улици.

На почетокот од проектот на терен беше и градоначалникот Никола Бакрачески, кој истакна дека рокот за изведување на работите во село Косел е еден месец.

Активностите   за асфалтирање на уличките во Село Косел и за асфалтирање на патот од село Сирула до Вапила што исто така е во тек,  се двата проекти  кои општина Охрид ги изработи по претходно објавен оглас од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, а е во насока на напорите на локалната Самоуправа за развој на руралните средини.

Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.

Asfaltiranje_ulici_Kosel_4853 Asfaltiranje_ulici_Kosel_4852 Asfaltiranje_ulici_Kosel_4851