Младински Совет реализираше работилница на тема „Креирање на позитивни вредности“

Младински Совет Охрид, продолжувајки со реализација на програмата за промоција на позитивни вредности, реализираше работилница на тема „Креирање на позитивни вредности“. Во оваа фаза реализирана е работилница за хетерогена група од 35 ученици, на возраст од 14 години, од сите основни училишта во Охрид, Лескоец, Велгошти и Пештани.

Целта на оваа креативна работилница беше да се излистаат позитивните вредности кои на учениците би им дале насока за правилно функционирање и развој на нивната личност. 

Преку активности за истакнување на она што им е најзначајно во животот како здравје, среќа, љубов, до лицата кои им се најзначајни во процесот на развивање како родители, брат, сестра, баба/дедо, учесниците учеа за ИДЕНТИТЕТОТ како чувство за сопственото ЈАС и промените кои се случуваат, свесноста за нивните потреби и чувства, доживувања и односите со другите луѓе, како и сопствените отпори, очекувања и вредности. Преку осознавање за поимот идентитет и негово прифаќање, беше разговарано за начинот на кој во текот на животот низ процесот на социјализација, се усвојуваат многу вредности.

За да се креираат позитивните вредности, учениците индивидуално работеа на истакнување на 5 значајни карактеристики на пријател на кој му веруваат, а потоа секој ученик пред целата група ги наведуваше тие карактеристики. 

Со цел дефинирање на значајните вредности, на учесниците им беше дадена задача да забележат колку кај себе ги поседуваат истите карактеристики. Така добивме листа на позитивни вредности како: добар/ра, забавен/на, културен/а, образован/а, карактеристки како: искреност, отвореност, толеранција, емпатичност, доверливост, чесност, хуманост, комуникативност, трпеливост, почитување, независност, самодоверба, оптимизам и успешност, кои како позитивни вредности се содржат во човечноста. 

Учесниците истакнаа дека вредностите кои ги бараме кај другите во најголем дел и ги поседуваме во нас, меѓутоа е значајно кога ги негуваме позитивните карактеристики бидејќи тие им овозможуваат правилно развивање. Исто така учесниците станаа и свесни дека вредностите кои ги излиставме се вредности кои тие најмногу ги почитуваат и кога ги поседуваат, тогаш добиваат пријатели, а ги губат кога пројавуваат спротивни вредности на овие. Тогаш кога се трудат да ги стекнат позитивните карактеристики со желба да ги развиваат во голема мера и да ги негуваат, без да бидат притиснати од семејството и средината и општеството, осознаваат дека таквите вредности имаат огромно значење во нивниот живот.

modeli-2 modeli-4 modeli-3