10 лица загинаа во пожар во автобус во Кина

Најмалку 10 лица загинаа, а 17 се повредени во пожар во автобус од градскиот превоз во провинцијата Џилин на североистокот од Кина.

Во автобусот кој имал капацитет за 56 лица, во моментот кога избувнал пожарот, се наоѓале 43 патници, соопштија локалните власти.

Причината за пожарот не е позната.