Пратеникот Николоски во посета на изградбата на канализациона мрежа во Мешеишта

Денес во посета на општина Дебарца престојуваше пратеникот Александар Николоски, кој заедно со градоначалникот Игор Трајкоски го посетија с.Мешеишта, каде што ги согледаа градежните активности околу изградбата на канализационата мрежа, која започна да се гради пред месец и пол. Според договорот фирмата изведувач работите траба да ги заврши во рок од 10 месеци.

При посетата од страна на изведувачот беше кажано дека темпото на изградба се одвива со одлична динамика и дека досега е изградена една третина од канализацијата односно 3 километри цевковод со поставени шахти.

Вредноста на договорот е околу 11 милиони денари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој и дел од буџетот на општина Дебарца.