Одобрени средства за првото новороденче во општина Дебарца

Честитки од градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски до Стојче и Маријана Мувчески родители на првото новороденче во општина Дебарца во оваа година, Славица Мувческа од село Требеништа родена на 01.02.2014 година. Согласно програмата донесена од страна на Општина Дебарца, денес им се одобрени финансиски средства во вредност од 5 000 денари.