Скок од едно место за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија по победата од 2:1 против Латвија во пријателскиот натпревар во Скопје, забележа скок од едно место на ФИФА рејтинг листата. Според денешната најнова листа, фудбалската репрезентација на Македонија се најде на 82-то место.
 
Нема промени на врвот на ФИФА рејтинг листата, каде се наоѓаат Шпанија, Германија и Аргентина.
 
Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Виетнам, со скок од +18 места се најде на 125-то место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Мианмар од -43 места и се најде на 173-то место.
 
WebOhrid