Голи туристи уапсени на Мачи Пикчу

Перуанската полиција уапси четворица туристи, двајца Австралијанци и двајца Канаѓани, бидејќи се снимале и фотографирале голи на Мачу Пикчу.

Министерството за култура има поставено предупредувања дека соблекувањето на ова познато туристичко место е „злосторство против културата“ и дека следува моментално отстранување на такви туристи.

Не се знае дали четирите туристи биле заедно или станува збор за две посебни групи.

Мачу Пикчу потекнува од периодот на Инките и се наоѓа под заштита на УНЕСКО.