Кривична пријава за двајца охриѓани поради напад врз службено лице

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид против Н.Д. (23) и А.Д. (20) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава.

Пријавените, казненото дело го извршиле рано утрово околу 02 часот и 30 минути во холот од полициската станица Охрид откако Н.Д. неповикан влегол во станицата и физички ги нападнал полициските службеници кои работеле на претходно нарушен јавен ред и мир во кој учесник бил неговиот брат А.Д. Иако соочени со неочекуваниот физички напад, полициските службеници го совладале Н.Д. како и веќе повиканиот А.Д. кој  ја искористил ситуацијата и на страната на неговиот брат се приклучил во физичкиот напад врз полициските службеници. 

Пријавените, по консултација со јавен обвинител се лишени од слобода по што со поднесената кривичната пријава ќе бидат изведени пред јавниот обвинител.