Одржана свечена приредба по повод Денот на пролетта

По повод Денот на пролетта, вчера во Домот на пензионерите, Активот на пезнионерки и Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца организираше свечена приредба со група ученици од Охрид. На приредбата учениците се потрудија да внесат радост и ведро расположение пред присутните со рецитирање и пеење песни за пролетта. Приредбата ја подготви пензионерката, поранешен наставник по одделенска настава, Ристана Мојсоска.

„Ова што спремав со децава ми беше доста познато и решив да се ставам на тест дали можам со овие поминати пензионерски мои години, со дечињата кои многу ги сакам, да направам програма како рецитал, драматизација и.т.н. нешто што ќе внесе радост барем кај бабите и дедовците, пензионерите“. –  рече Мојсоска.

Вчерашниот настап како што беше истакнато, е дел од културно-забавните активности на Активот на пензионерки и е во состав на идеите за меѓу-генерациска соработка на старите и младите, затоа што како што беше посочено на средбата младоста и староста не можат едни без други.

WebOhrid