Колумна: Египќаните конечно спомнати како посебен етникум, благодарни на премиерот

 Драги мои, вчерашниот централен митинг на владеачката  ВМРО ДПМНЕ, во Охрид, каде што беше преставен  кандидатот за претседател на владеачката коалиција, не само што беше необичен, величествен, масовен и полн со позитивна енергија,  туку истиот беше  на свој автентичен  начин, настан во кој се …пишуваше  историјата  на етничката заедница на Египќаните во Р. Македонија. Вчера, во преполниот Охрид, како никогаш досега, беа присутни Египќани, првенствено од Охрид, каде се втори по бројност, веднаш зад доминантниот Македонски народ, но и од Ресен, Струга, Битола, Дебар, Кичево од цела Македонија. Вчера, на митингот на ВМРО ДПМНЕ, во Охрид,  високо и гордо се  вееше и знамето на 30.000 Египќани од Р.Македонија. Египќаните на митингот, неприсилени од никого, како никогаш досега, се сплотија  заедно, како едно семејство, со една голема внатрешна хармонија, но и почитувани и од сите останати членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, но и на коалиционите партнери.

Беше вистинска привилегија, да бидеш вчера учесник, на централниот митинг на ВМРО ДПМНЕ, во Охрид. Толку народ, толкав сила но и позитивна енергија, не било запаметено во поновата историја на Охрид, но исто така, дозволете ми да признам, дека таква хармонија, порив на енергија и победнички дух, се чуствуваше, и во убедливо најголемата победа на Др. Никола Бакрачески, кој уште во првиот круг, го елиминира неговиот противкандидат, но и нивната досегашна локална политика. Токму таа победа на Др. Никола Бакрачески, кој патем и се докажа како мошне голем и искрен пријател на Египќанскиот етникум, како да беше предвесник на она што, се случуваше вчера, на централниот митинг на ВМРО ДПМНЕ, во преубавиот Охрид. Драги мои, ако поминувавте покрај големиот број присутни Египќани на митингот и му поставевте прашање, Дали некој од говорниците, ќе ги спомене Египќаните, верувајте дека ниту еден од нив, немаше да одговори со оптимизам дека тоа ќе се случи, НО , СЕ СЛУЧИ….И, внимавајте ни помалку ни повеке, туку од Премиерот на Р.Македонија, г динот Никола Груевски. Сите  присутни Египкани, за миг, останавме зачудени, збунети,  како да не ни се веруваше дека токму од Премиерот, ќе бидат спомнати и граѓаните Египќани во Р.Македонија. Дефинитивно, се врати толку посакуваната насмевка  и чуство на достоинство и гордост, на лицата на присутните Египќани, едноставно во Охрид, почна да се пишува  поновата историја  на Египќанскиот народ, кој е посебен, автохтон и автентичен народ, а тоа  вчера, јасно и гласно, и со голема симпатичност, го потврди и Премиерот , г-дин Никола Груевски. Но, драги мои, секако до  ова наша сенародна радост, подршка  и охрабрување, да истраеме  на патот кон нашата крајна цел, ниту беше лесен, ниту пак некој   тоа на тацна ни го подари. Тоа беше , драги мои, збир на активности, знаење, искрени пријателства и лобирања од влијателни, но пред се и над се, искрени пријатели на Египќанскиот народ. Во таа насока, ниту беше случајна, ниту  непланирани, и двете неформални средби со Претседателот на Р.Македонија, проф др Горги Иванов,  кој сега е кандидат на владеачката ВМРО ДПМНЕ, инаку природен сојузник на Египканите. Токму затоа, како што ја дадовме искрената и со срце подршка, за нашиот голем  пријател Др. Никола Бакрачески, кој убедливо победи на Локалните Избори, исто така и во иста мера, ве охрабрувам да му ја дадеме подршката и на проф. др. Ѓорге Иванов, како и на Премиерот Никола Груевски. Едноставно, просперитетот и напредокот на општеството, мегу другото, се заснова и на взаемната доверба и пријателство…..

 Со почит, Демир Далип, овластен претставник на Египканите за надворешна соработка

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.