Ренова 1:1 Еуромилк

Ренова и Еуромилк одиграа нерешено 1:1, во денешниот натпревар од 24-то коло од Првата МФЛ.

Еуромилк имаше предност уште во 32 минута со голот на Јашаровски, и беше на чекор до триумф на овој натпревар, но со голот на Муслиу во последните моменти од натпреварот, Ренова успеа да изедначи и да се спаси од пораз.

25-то коло од Првата македонска фудбалска лига се игра во недела 30-ти март.

WebOhrid