Традиционално шесто по ред „Мартовско женско авторели“

“Колку што релито го манифестира спортскиот дух и познавањето на сообраќајните вештини кај понежниот пол, во иста мера оваа манифестација има благородна и значајна цел а тоа е подигање на свеста за безбедност во сообраќајот, подобрување на собраќајната култура, почитување на правилата и прописите во сообраќајот“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска пред стартот на традиционалното “Мартовско женско авторели“ што денес се одржа во скопска Автокоманда.

Како што нагласи министерката Јанкуловска – “оваа веќе традиционална манифестација во организација на општина Гази Баба и Кастрол рејсинг тим а поддржана од град Скопје и Здружението на граѓани “Сообраќајна безбедносна зона“, прераснува не само во еден препознатлив спортски хепенинг, туку и во настан преку кој неговите учесници – претставничките од понежниот пол – силно ја афирмираат пораката за зголемена безбедноста во сообраќајот“.

Инаку во рамки на релито се одржаа две такмичарски дисциплини: вешто и брзо возење со совладување на препреки на паркингот до плоштадот на Општина Гази Баба и втората – возење по градската сообраќајна мрежа со почитување на сообраќајните безбедносни правила и прописи, притоа застанувајќи на контролни места.