Вулкан на Камчатка исфрли пепел од два километри

Вулкан на рускиот полуостров Камчатка исфрли пепел во висина од два километри, но ерупцијата не предизвика посериозни проблеми за локалното население.

Авионите кои што летаат над тој воздушен простор добиле предупредување пораду вулканската прашина која што се издига во височините, а е расфрлена на оддалеченост од околу 50 километри југоисточно, во ненаселена област.

Вулканот Каримски е активен од почетокот на март годинава, а еден од најактивните на рускиот полуостров.

Извор: Нет Прес