Македонската ракометна звезда Наумче Мојсоски, денес беше примен од градоначалникот Бакрачески. Градоначалникот Бакрачески во име на градот домаќин на македонскиот репрезентативец му врачи пригоден подарок и признание за официјален амбасадор на Гимназијадата 2014, која во Охрид ќе се одржи од 8 – 10 мај.
Мојсоски истакна дека, ова титула му причинува огромна радост и се надева дека со неговото присуство ќе придонесе за популаризација на спортот кај средношколската младина. Градоначалникот Бакрачески подвлече дека Охрид како домаќин ќе направи се, манифестација да помине на највисоко ниво, а младите спортисти да понесат пријатни спомени од целиот настан.
На гимназијадата ќе се натпреваруваат околу 1000 ученици, поделени во шест спортски дисциплини: фудбал, футсал, ракомет, кошарка, одбојка и атлетика.