Роамингот се укинува до Божик 2015-та година

Како што се очекуваше, Европскиот парламент денеска го изгласа укинувањето на трошоците за роаминг на потрошувачите најдоцна до Божик 2015-та година.

 Станува збор за регулација која што ќе овозможи единствен телекомуникациски пазар без граници, а сотоа сака да се подобри конкурентноста и иновациите во рамки на Европската унија.

 Уредбата за тој единствен пазар на телекомуникации денеска е потврдена на седница на Парламентот, откако предлогот иницијално пристигна од Комисијата во септември минатата година. Тогаш посебно се истакна задоцнувањето на ЕУ во однос на Јапонија, Јужна Кореја и САД.

 Извор: Нет Прес